Пановски: Три пати дарува крвна плазма, спасува животи и има 32 илјади антитела, а државата му брани да оди на работа?!

Д-р Никола Пановски
д-р Никола Пановски / Утрински брифинг

Нелогични, противуставни и присилни се најновите предложени мерки од Комисијата за заразни болести за невакцинираните, оценува професорот на Медицинскиот факултет, доктор Никола Пановски во изјава за „Слободен печат“.

За него особено несфатливо е што здравствените власти не го признаваат фактот дека прележувањето ковид создава природен имунитет кој е долготраен и трае и една година.

-Познавам многу луѓе со слични примери, но ќе ви кажам само еден: Човек кој три пати дарува крвна плазма, прележал ковид, има силен имунитет и антитела од 32 илјади, не само што со ваквите мерки не му го признаваат имунитетот, туку и не му даваат да оди на работа?! Значи човек чија крвна плазма ја користат за да спасат животи, го малтретираат да се вакцинира. Има граѓани кои не се антиваксери, туку се обесправени на начин што природно стекнатиот имунитет им се оспорува, иако на тестовите за антитела се покажува реалната слика. И друга нелогичност со овие присилни мерки за присилна вакцинација е тоа што се прави поделба на граѓаните среде пандемија на вработени во јавен и во приватен сектор. Која пандемија препознава таква разлика, прашува доктор Пановски.

Тој додава дека предложените мерки се неуставни и незаконски.

Комисијата за заразни болести предлага сите вработени во јавна и државна администрација да не можат да влезат на работното место без да покажат сертификат за вакцинација, ПЦР тест не постар од 72 часа или сертификат за прележаност на ковид-19, не постар од 45 дена. За проверка на сите вакцинални сертификати ќе биде задолжен редар на влез на институцијата.

Комисијата препорача и вакцината да биде задолжителна за сите здравствени работници.

Мерката ќе стапи на сила 10 дена откако ќе биде изгласана од владата.

ВИДЕО АНКЕТА: Граѓаните ги поддржуваат новите рестриктивни мерки за невакцинираните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот