Фото: Pexels/Andrea Piacquadio/MART PRODUCTION

Паметно на мама или тато? Од кого ја наследуваат децата интелигенцијата?

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон тврдат дека децата ја наследуваат интелигенцијата од нивните мајки. Според нивното истражување, жените почесто пренесуваат гени кои ја обликуваат интелигенцијата на децата, а овие гени се наследуваат преку Х-хромозомот. Жените имаат два Х-хромозома, додека мажите имаат само еден.

Една нова студија од Шкотска, исто така, го поддржува тврдењето дека гените се важни за напредните когнитивни функции што децата ги наследуваат од нивните татковци. Сепак, овие гени остануваат деактивирани или потиснати. Истражувачите изјавија дека ако детето наследи „мозок“ од својот татко, тој останува „неактивен“.

Истражувачите од Глазгов спроведоа опсежна студија во која интервјуираа 12.686 луѓе на возраст од 14 до 22 години секоја година од 1994 година. Тие земаа предвид различни фактори, како што се расата, образованието и социо-економскиот статус. Резултатите покажале дека коефициентот на интелигенција на мајката е најдобар показател за интелигенцијата на нејзините деца. Коефициентот на интелигенција на испитаниците варирал во просек за 15 поени во споредба со коефициентот на интелигенција на нивната мајка.

Спроведоа и експеримент со генетски модифицирани глувци. Кога добиле дополнителна количина од гените на нивната мајка, глувците развиле поголем мозок и помали тела. Кога додале повеќе од гените на нивниот татко, имале помал мозок и поголеми тела, објави.

Заклучокот на студијата е дека развојот на мозокот зависи од гените на мајката, додека физичкиот развој зависи од гените на таткото. Истражувачите нагласуваат дека иако генетските предиспозиции играат улога, тие не се единствениот фактор во одредувањето на интелигенцијата. Големо влијание врз развојот на когнитивните функции кај децата има и околината. Тие додадоа дека децата наследуваат помеѓу 40 и 60 отсто од гените на нивните родители, според Проектот за генетска писменост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот