Кокаин заплена/ Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

„Падна“ голем нарко-картел во кој имало државјани на Црна Гора: Запленет половина тон кокаин

Вкупно 489 килограми кокаин, четири возила, два чамци, пиштоли и пушки запленила полицијата на Уругвај во акцијата „Виртус“, а како дел од кланот „паднале“ и двајца државјани на Црна Гора. Дрогата стигнала од Боливија и била наменета за европско тло. Покрај Црногорците, уапсени се и државјани на други држави, со оглед на тоа дека станува збор за меѓународен картел.

Меѓу 15те уапсени има и двајца државјани на Црна Гора осомничени дека се дел од балкански клан, голема мрежа на организиран криминал што делува во Европа, а во неа се и државјани на Србија и Хрватска, пишува Телемундо.

Вредноста на дрогата што е запленета се проценува на 15 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот