Фото: Принтскрин/ Икс/ Инстаграм

„Пачукосите“ не умираат: Елеганцијата на мексиканската супкултура која сè уште пркоси

Посебна супкултура на „пачуко“ ја негуваат потомците на мексиканските имигранти и домородци чии панталони со висок струк, долги јакни, фризури помпадур, истакнати тетоважи и шпанско-англиски сленг беа пркосен бунт против доминантната американска култура која ги маргинализираше уште од времето на минатиот век, пишува „Би-би-си“.

Американската армија не сакаше да ги регрутира за учество во Втората светска војна, а медиумите ги прикажуваа како гангстери и малолетни деликвенти, токму онакви какви што денес ги препознаваме и паметиме, благодарение на американските филмови од 20 век. Но, всушност – кои се „пачукос“?

Фото: Принтскрин/ Икс

Пачукосите беа мексиканско-американско младинско движење од крајот на 1930-тите, со седиште во Источен Лос Анџелес, кое подоцна се прошири во други американски градови долж границата меѓу САД и Мексико.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Елегантните одела се придружени со чевли во светли бои и шапка со широк обод со пердуви, часовник со синџир, трегери. Пачукосите беа инспирирани од други историски дискриминирани групи – особено црнците од населбата Харлем во Њујорк.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Како што е џезот во Харлем во 1930-тите и 1940-тите, карактеристично за „пачуко“ е музиката во ритамот на мамба, самба, ча-ча-ча…

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Со текот на годините, многу пачукоси кои живеаа во САД се вратија во Мексико. Тие повеќе не претставуваат група на бунтовници. Неколку стотици од нив во Мексико Сити, Тихуана и Лос Анџелес, сè уште ја продолжуваат традицијата што подразбира елеганција и акцент на достоинството и мексиканската гордост.

Денес, посетителите на Мексико Сити можат да ги видат модерните „пачукоси“ кои секоја сабота се собираат во Парк де ла Сиудадела за да танцуваат.. Тие, исто така, се среќаваат во вторник во Салон Лос Анџелес, во најстарата сала за танцување во Мексико, отворена во 1937 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот