Фото: Профимедиа

Овој вид јаткасти плодови го намалува ризикот од болести на срцето

Здравјето на срцето може да зависи од мали, но значајни промени во исхраната. Една од овие промени би можело да биде воведувањето на лешници, едноставни и достапни намирници со изненадувачки големо влијание врз кардиоваскуларното здравје.

– Лешниците се одличен избор за здравјето на срцето бидејќи можат значително да го намалат ризикот од болести – тврди нутриционистката д-р Ема Пател.

Таа истакнала дека лешниците се полни со хранливи материи кои ја поддржуваат работата на срцето.

– Лешниците не само што се вкусни, туку и сестрани. Лесно се одгледуваат и дома, што ги прави одржлив и практичен додаток на секоја здрава исхрана – рекла таа за „Дејли експрес“.

Тој додава дека, според истражувањата, дневната консумација на 25 грама лешници го намалува нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) за 12 отсто за само четири недели. Тоа намалување може да го намали ризикот од болести на срцето за дури 30 отсто во текот на една година. Лешниците содржат здрави масти, антиоксиданти и магнезиум кои ги штитат артериите, го намалуваат воспаленијата и го регулираат крвниот притисок.

Покрај здравствените придобивки, лешниците се и еколошко прифатливи.

Значи, додавањето лешници во вашата исхрана е лесен начин за подобрување на здравјето на срцето, особено во свет во кој срцевите болести одземаат милиони животи секоја година. Покрај медицинските решенија, промените во исхраната можат да бидат клучен чекор кон подобро здравје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот