
Овие две промени на косата се први предупредувачки знаци за висок холестерол
Холестеролот е неопходен за одржување на правилното функционирање на клетките и органите во нашето тело, а исто така има важна улога во производството на хормоните и витамините.
Препорачано
Меѓутоа, екстремно високото ниво на холестерол може да доведе до загрижувачки здравствени проблеми, предупредуваат лекарите. Промените во нашата коса се еден од првите знаци на зголемен холестерол, првенствено предизвикан од нездравата исхрана, пренесува „Индија тајмс“.
Истражувачите на Џон Хопкинс спровеле истражување на глувци и откриле дека исхраната богата со холестерол може да доведе до предвремено побелување и опаѓање на косата, што би значело дека овие две промени се првите симптоми на зголемен холестерол. Истражувањето е објавено во списанието „Nature Scientific Reports“. За потребите на истражувањето, глувците биле поделени во две групи – едната група била на здрава исхрана, а другата на исхрана базирана исклучиво на масти и други намирници кои ги креваат нивоата на холестерол.
Истражувачите откриле дека глувците на исхрана богата со маснотии набрзо почнале да го губат влакното и исто така, се покажало дека нивно влакно побелело. Глувците на самиот почеток на истражувањето не биле постари од 12 недели. На возраст од 36 недели, 75 отсто од глувците кои биле на исхрана со висок процент со маснотии страдале од сериозно опаѓање на влакната.
„Нашите откритија јасно ни покажуваат дека западната исхрана предизвикува губење на влакната и нивно побелување кај глувците, а исто така веруваме дека сличен процес се случува и кај мажите кои нагло губат коса или имаат бела коса кога имаат зголемен холестерол“, објаснуваат научниците.