
Овие 4 навики го скратуваат животот: Кардиохирург тврди дека предизвикуваат рак, мозочен и срцев удар
Со избегнување на неколку клучни навики, можете да го намалите ризикот од рак, срцев и мозочен удар. Кардиохирургот д-р Џереми Лондон сподели четири совети што ги применува за поздрав живот на социјалната мрежа ТикТок, предупредувајќи дека многу секојдневни избори може да го зголемат ризикот од сериозни болести, пишува британски „Мирор“.
Препорачано
1. Пушење
– Прво и најважно е пушењето, без никакво сомнение. Иако е познато дека пушењето предизвикува рак на белите дробови, исто така го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, срцеви напади и мозочни удари. Ги уништува белите дробови, предизвикува рак на белите дробови и значително го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Не пушете -предупредува д-р Лондон.
2. Алкохол
Доктор Лондон признава дека избегнувањето алкохол е една од најважните одлуки што ги донел за своето здравје.
– Алкохолот е токсичен за секоја клетка во вашето тело. Ваше тело, ваши правила, но за мене отстранувањето на алкохолот од мојот живот беше трансформативно. Сите „кул“ луѓе го прават тоа, треба да го пробате и вие – вели тој.
Иако мала количина на алкохол не може да предизвика непосредна штета, долгорочното консумирање може да предизвика сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи заболување на црниот дроб, зголемен крвен притисок и зголемен ризик од рак.
3. Газирани пијалаци
Трет совет од доктор Лондон се однесува на целосно исфрлање на газираните пијалаци од исхраната.
– Газирани пијалаци? Течна смрт. Едноставно немојте да ги пиете – дециден е д-р Лондон.
Слично на тоа, други експерти препорачуваат замена на газираните пијалоци со вода или зелен чај.
Газираните пијалаци се полни со шеќер, што може да доведе до дебелина, дијабетес и проблеми со срцето. Дури и намалувањето на консумирањето газирани пијалаци може да има долгорочни здравствени придобивки.
4. Леб и тестенини
Последниот совет на кардиохирургот се однесува на избегнување на рафинирано брашно, вклучувајќи леб и тестенини.
– 80 отсто од контролата на телесната тежина доаѓа од исхраната, а само 20 отсто од вежбањето. Колку и да вежбате, не можете да ги надоместите лошите навики во исхраната – објаснува д-р Лондон.
Рафинираното брашно често предизвикува ненадејни скокови на шеќерот во крвта, што го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести. Наместо тоа, експертите препорачуваат цели зрна, кои содржат повеќе влакна и обезбедуваат подолготрајна енергија.
– Бидете свесни што внесувате во вашето тело. Малите промени, како што се намалувањето на пушењето, алкохолот, газираните пијалаци и рафинираните јаглехидрати, може да имаат огромно влијание врз вашето здравје – советува д-р Лондон.