
Оваа природна состојка може да ви помогне да ги отстраните бигорот и наслагите во вашиот дом
Ако ви е потребно решение за бигор и тврдокорни наслаги во вашата бања, корисно е да пробате трик што многу луѓе го препорачуваат.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Една занемарена состојка може да направи многу повеќе од другите скапи средства за чистење. Затоа, лимонската киселина е вистинското решение бидејќи ќе ги отстрани сите непотребни наслаги и бигор.
Лимонската киселина е природно средство за чистење бидејќи го разградува бигорот, ја топи ‘рѓата и ги раствора мастите. Доволно е да ја посипете на проблематичната површина, да додадете малку топла вода и да почекате неколку минути.
Овој вид киселина може да делува на туш кабини полни со бигор, метални површини погодени од ‘рѓа, масни наслаги на шпоретот, рерната и плочките, керамиката во бањата и домашните апарати.
Комбинацијата од лимонска киселина и детергент за миење садови се покажа како ефикасна. Оваа смеса се нанесува директно на извалканата површина, се остава да делува околу 10 минути, а потоа се брише со влажна крпа. Површината ќе остане чиста без потреба од агресивно триење.
Лимонската киселина не ги оштетува површините, не остава траги и не бара заштитна опрема. Кога ќе видите како функционира, ќе сакате да ја користите за повеќе од само чистење, дури и за отстранување на непријатни мириси од фрижидерот.