Фото: Pexels / Magda Ehlers

Oва овошје не го садете во близина на вашата куќа, може да ви создаде огромни проблеми

Ако живеете во куќа и имате двор, сигурни сме дека во одреден момент сте помислиле – кои растенија да ги засадам таму? Многу е важно да бидете добро информирани за видот на дрвјата што планирате да ги засадите, некои дрвја не се пожелни во близина на куќата бидејќи можат да предизвикаат штета.

Дали знаевте дека смоквите не се идеални за садење во близина на куќата? Смоквите имаат многу инвазивни корени кои растат и се шират со голема брзина. Корените на смоквата постојано бараат влага, лесно продираат во пукнатините и можат да стигнат до темелите на куќата, особено во повлажни места.

Тоа може да создаде и проблеми со инфраструктурата, особено подземните инсталации. Корените се обвиткуваат околу вода, канализација и други цевки, па дури можат да ги оштетат или продупчат овие инсталации, пишува „Јутарњи лист“.

Ако прашате некој кој имал проблеми со смокви, веројатно ќе ви каже дека колку подалеку од куќата, толку подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот