Џорџ Клуни и Џо Бајден / Фото: EPA

„Ова не е само мое мислење“: Џорџ Клуни го повика Бајден да се откаже од претседателската кандидатура

Американскиот актер Џорџ Клуни, кој е поддржувач на Демократската партија, денеска го повика американскиот претседател Џозеф Бајден да се откаже од својата претседателска кандидатура.

Клуни во написот на „Њујорк тајмс“ изјави дека му се допаѓа Бајден, но оцени дека Демократската партија ќе ја загуби претседателската трка, како и сета контрола во Конгресот со Бајден како кандидат.

„Ова не е само мое мислење. Ова е мислењето на секој сенатор и член на Конгресот и гувернер со кои сум разговарал приватно“, рече Клуни, пренесе „Асошиејтед прес“.

Клуни беше домаќин на неколку собири за собирање средства во Холивуд, вклучувајќи го и оној за Бајден минатиот месец.

Актерот рече дека Демократската партија треба да избере нов претседателски кандидат на својата конвенција следниот месец, велејќи дека партијата на тој начин ќе ги придобие гласачите.

Бајден веќе се соочува со зголемен притисок во сопствената партија да се повлече од трката за реизбор откако доживеа дебакл за време на телевизиската дебата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп минатиот месец.

Бајден рече дека има намера да остане во трката и повторно ги отфрли повиците да се откаже во писмо до демократите во Конгресот, повикувајќи ги да се обединат зад неговата кандидатура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот