Фото: IvaCastro / Needpix

Оваа намирница потопете ја во вода и со неа залевајте ја орхидејата: Ќе цвета подобро и поубаво од кога било

Орхидејата е едно од најубавите растенија која веднаш го збогатува и оплеменува просторот за живеење. Не е комплицирана за чување, но важно е сè да правите строго според правилата, од изборот на саксија која мора да биде проѕирна, па сè до пресадување и полевање.

Орхидеите можат да бидат особено предизвикувачки, особено кога станува збор за хранење на ова растение.

Фото: Drocpsu / Flickr

Како да ги нахраните орхидеите? За да избегнете негативни последици и да ги намалите хемикалиите, можете да направите природен додаток за орхидеја само од една намирница – ориз. Потопете три дланки ориз во 1 литар вода. Промешајте и оставете да отстои неколку часа, а потоа процедете.

Оризовата вода е полна со хранливи материи, витамини и минерали, па позитивно ќе влијае на развојот на растението и ќе го поттикне обилно и долго да цвета. Можете да ја користите и водата во која се варел оризот, но никако не смеете да ја солите.

Фото: Ralphs_Fotos /Pixabay

Постапката за наводнување вклучува ставање на орхидејата во поголема чинија или сад, а потоа постепено залевање. Во дното на садот ќе се собере течноста, па во неа држете ја орхидејата околу 10 минути за да се натопи почвата. Внимавајте во текот на полевањето да не ги намокрите цветовите, Извадете ја саксијата од садот, оставете водата да се исцеди од неа, а потоа, под саксијата ставете сув сад.

Бидејќи за една орхидеја ќе користите само околу 300 мл вода, остатокот можете да го сипете во сад за мраз и да замрзнете. Добиените коцки мраз од оризовата вода, подоцна можете по една да ги ставате на почвата и на орхидејата да ѝ обезбедите нова исхрана.

Фото: 1970257 / Pixabay

Хранењето на орхидејата со оризова вода се препорачува еднаш на секои две недели.

Фото: Showmeyourflowers / Pixabay

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот