Instagram

Ова е Тили Норвуд. Филмаџиите ги воодушеви, глумците се побунија, а таа не е вистинска

Студиото што ја создаде актерката со вештачка интелигенција Тили Норвуд, наводно е во преговори со холивудски шефови и агенти кои се подготвени да ја застапуваат. Актерката беше официјално претставена минатиот викенд на Самитот во Цирих, а целата приказна ја разви Елин Ван дер Велде, која и самата е поранешна актерка. Ван дер Велде вели дека нејзиното студио за таленти со вештачка интелигенција „Ксикоја“ е многу блиску до финализирање на договор за застапување на Норвуд. Доколку некој агент потпише договор со неа, Норвуд ќе биде меѓу првите изведувачи генерирани од вештачка интелигенција, која би обезбедила професионално застапување, што е вообичаено резервирано за човечки актери.

instagram

Голем број актери веднаш го изразија своето негодување во врска со Тили Норвуд, бидејќи се плашат дека вештачката интелигенција многу наскоро ќе ги замени сите. Елин Ван дер Велде веднаш им одговори.

– За сите оние кои се лути поради ВИ актерката Тили Норвуд, таа не е замена за луѓето, туку креативно дело – уметност. Како и многу други форми на уметност пред неа, таа поттикнува разговор, а тоа само по себе ја покажува моќта на креативноста – напиша Ван дер Велде на својот Инстаграм.

– Не ја гледам вештачката интелигенција како замена за луѓето, туку како нова алатка, нова четка. Исто како што анимацијата, куклената уметност отворија нови можности, вештачката интелигенција нуди друг начин за раскажување приказни. Јас самата сум актерка и ништо – а секако не лик од вештачка интелигенција – не може да ја одземе вештината или радоста од човековата изведба – додаде таа.

На Самитот во Цирих, креаторката објави дека наскоро ќе открие со која агенција Нортон ќе потпише договор. Малку подоцна, интернетот беше преплавен со коментари во кои се осудува Елин Ван дер Велде и целата нејзина идеја. Бројни актери се вклучија во дискусијата, незадоволни што потенцијално ќе бидат заменети со вештачка интелигенција. „Кажете ни ги имињата на агентите кои се во играта“, „Се надевам дека сите актери ќе си заминат од агентот кој ќе ја потпише оваа глупост“, се само дел од лутите коментари на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eline Van Der Velden (@elinehq)

Реагираше и познатата актерка Емили Блант. Таа за Варајати изјави дека тоа е „застрашувачки“.

– Ова е навистина, навистина страшно. Немојте да го правите тоа, не ја одземајте човечката поврзаност – рече таа.

Ван дер Велде пред неколку месеци објави дека работи на развој на актерка со вештачка интелигенција и нагласи како ја гледа нејзината кариера.

„Сакам Тили Норвуд да биде следната Скарлет Јохансон или Натали Портман“, заклучи таа тогаш.

Вештачката интелигенција претходно е користена за подмладување на актерите и враќање на гласот на починати ѕвезди, а се користела и за креирање филмски трејлери. Сепак, никој досега не започнал кариера на актерка со вештачка интелигенција како онаа што ја имаат луѓето. Сè до Тили Норвуд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tilly Norwood (@tillynorwood)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот