Далновод енергетика енергетска политика струја
Струја / Фото: МИА

Отсега сами може да пресметате колку ќе плаќате за струја во иднина

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) објави калкулатор за пресметка на сметките за струја според новиот тарифен систем. Калкулаторот достапен на веб-страницата на Комисијата, www.erc.org.mk, каде што секој граѓанин може да направи споредба на сметките за струја меѓу постојниот и новиот предлог-тарифен систем со блок-тарифи за високата тарифа на потрошена електрична енергија.

-Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува кава е разликата, истакна Бислимоски.

Професорот Талески посочи дека во забелешките се бара значително промена на границите на блоковите и додаде дека со постојниот модел со четири блока нема да се зголемат сметките за потрошувачите што трошат до 850 киловат часови струја месечно.

Како што истакна согласно пресметките на Машински факултет за загревање на просечен стан од 60 квадратни метри по сезона просечно се потребни 6.500 киловат часови електрична енергија доколку се грее со термо печка или греалки, ако е на колективна топлинска пумпа околу 2.150 киловат часови, а со инвертер клима околу 2.400 киловат часови.

-При тоа потрошувачката не е исто распоредена во сите месеци, туку е најголема во декември, јануари и февруари кога потрошувачите согласно сегашниот модел би биле во втората и делумно би влегле во третата блок тарифа. Доколку се во првата блок тарифа би плаќале пониски сметки отколку по постојниот тарифен систем, ако се во втората речиси исти, а во третата и четвртата повисоки, посочи Талески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот