
Откриено што бара Канје Вест од Ким Кардашијан во документите за развод
Канје Вест бара заедничко старателство над четирите деца со Ким Кардашијан која од него неодамна побара развод, известува TMZ.
Препорачано
40-годишната Ким во февруари поднесе барање за развод на бракот од 43-годишниот рапер, а од судските документи може да се прочита дека и таа побарала заедничко старателство над нивните деца Норт (7), Саинт (5), Чикаго (3) и Псалм (1).
Парот меѓусебно не бара сопружничка поддршка, а покрај тоа Вест побарал и тие двајца сами да сносат одговорност за своите правни трошоци при бракоразводната постапка.
„Page Six“ минатиот месец пишуваше дека парот не е во најдобри односи, иако заеднички ги одгледува децата. Вест наводно барал Ким да не биде во домот додека тој е со децата, а го променил и бројот и ја известил дека може да го контактира само преку неговото осигурување.
Интересен е фактот што ниту една од страните во своите бракоразводни документи не назначила датум за крај на бракот.
Според предбрачниот договор кој го потпишале, секој од сопружниците ќе ги задржи своите сработени пари, а Ким ќе остане во заедничката вила каде ќе ги одгледува нивните деца. Парот беше во брак шест години.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
24мин
-
54мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5