
Откриено која храна е најопасна за дијабетичарите, треба наголемо да ја избегнуваат
Црвеното месо е една од најризичните намирници за луѓето кои боледуваат од дијабетес, предупредува гастроентерологот Нурија Дијанова.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Врз основа на неодамнешните резултати од истражувањата, Дијанова укажува на силната поврзаност помеѓу честото консумирање црвено месо и зголемениот ризик од дијабетес.
Истражувањето на примерок од 216.000 учесници, спроведено во текот на дури 36 години, покажа јасна поврзаност помеѓу црвеното месо и дијабетесот.
„Во текот на истражувањето, болеста била дијагностицирана кај 22.000 луѓе. Учесниците кои често консумирале црвено месо имале 62 отсто поголем ризик од развој на дијабетес“, рекл Дијанова од московскиот Научно-истражувачки центар за здрава исхрана.
Овие резултати укажуваат на сериозен ризик за дијабетичарите и оние кои се склони кон оваа болест.
Замената на порција црвено месо со растителни протеини, како што се јаткастите плодови и мешунките, може драстично да го намали ризикот од дијабетес – дури 30 отсто, тврди Дијанова. Јаткастите плодови и мешунките се богати со протеини кои се побезбедни за дијабетичарите бидејќи не содржат заситени масти кои се наоѓаат во црвеното месо.
Според гастроентерологот Дијанова, заситените масти и хем железото што се наоѓаат во црвеното месо, можат да поттикнат воспалителни процеси и оксидација во телото. Овие реакции не само што го зголемуваат ризикот од дијабетес, туку придонесуваат и за акумулација на висцерални масти и отпорност на инсулин, што дополнително ја отежнува контролата на шеќерот во крвта и го загрозува здравјето на дијабетичарите.
Овие наоди сугерираат дека дијабетичарите треба да размислат за намалување или дури и избегнување на црвено месо во својата исхрана. Изборот на растителни извори на протеини не само што може да го намали ризикот од дијабетес, туку и да го подобри целокупното здравје.