Супермаркет/ илустрација/Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Откриено е парче метална жица во замрзнати њоки од Србија на хрватскиот пазар

Туѓо тело е откриено во прехранбен производ увезен од Србија, а како што дознава Даница.хр., се работи за замрзнати њоки, кои се продавале на пазарот во Хрватска.

Државниот инспекторат добил жалба од потрошувач кој изјавил дека пронашол парче метална жица во њоките. Според Европскиот систем за безбедност на храната, ова е потенцијално сериозно за здравјето на потрошувачите.

Тие исто така велат дека њоките што пристигнале на хрватскиот пазар, за среќа, не биле дистрибуирани во друга земја членка на ЕУ. Други детали за спорниот производ не се достапни.

Засега не е познато кој е производителот, ниту во кои продавници би можеле да се купат њоките. Надлежните домашни институции сè уште молчат. Порталот ги поттикнува граѓаните да бидат внимателни кога купуваат њоки и задолжително да ја проверат земјата на потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот