Фото: Профимедиа

Откриена причината за смртта на Ракел Велч: Холивудската икона се борела со оваа болест

Иако славната актерка Ракел Велч почина уште на средината на февруари, на 83-годишна возраст, причината за нејзината смрт дури сега е откриена на јавноста.

Фото: Профимедиа

Холивудската икона Ракел Велч почина од застој на срцето. Во документот до кој дојде ТМЗ се наведува и дека една од причините за смртта била Алцхајмеровата болест, а јавноста досега не знаела дека актерката се борела со оваа болест.

Фото: Профимедиа

Во тој документ, исто така, се истакнува и дека Ракел Велч поминала 60 години занимавајќи се со глума, како и времето на смртта: 15 февруари, 2 часот и 25 минути.

Актерката почина во својот дом во Лос Анџелес, а нејзиното семејство соопшти дека холивудската ѕвезда починала по кратко боледување. Велч, по нејзина желба, по смртта беше кремирана.

Фото: Профимедиа

Според американскиот Национален институт за здравје, 90 отсто од луѓето кои доживеале срцев застој надвор од болницата умираат, најчесто во рок од неколку минути.

Да потсетиме, Ракел стана меѓународен секс-симбол уште во 1966 година по главните улоги во филмовите „Million Years Before Christ“ и „Fantastic Voyage“.

ФОТО | Објавени последните фотографии на Ракел Велч

ФОТО | Салвадор Дали ја насликал легендарната Ракел Велч

Почина легендарната американска актерка и модел Ракел Велч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот