Бенџи Грегори во 2021 година и за време на снимањето на серијата „Алф“ / Фото: Инстаграм/Profimedia

Откриена причината за смртта на Бенџи Грегори, актерот кој го глумеше Брајан во серијата „Алф“

Бенџи Грегори, актерот најпознат по улогата во серијата „Алф“ („Alf“), почина на 46-годишна возраст во јуни годинава. Тој беше пронајден мртов во својот автомобил на паркинг на банка во Аризона.

Канцеларијата на шерифот на округот Марикопа сега откри дека дека смртта на актерот била, всушност, несреќа. Извештајот укажува дека Грегори починал од топлотен удар. Имено, тие денови биле измерени околу 42 степени целзиусови во Аризона. Во возилото со актерот било пронајдено и неговото куче Ханс, кое исто така починало.

Бенџи Грегори со неговото куче / Фото: Инстаграм/Бенџи Грегори

Ребека, постарата сестра на актерот, претходно изјави за „Ти-ем-зи“ дека Грегори се борел со депресија и биполарно растројство и дека страдал од несоница. Поради ова, тој бил буден со денови.

Да потсетиме, Грегори глумеше во 101 епизода на серијата „Алф“ помеѓу 1986 и 1990 година. Иако по серијата ја продолжи својата актерска кариера, не доживеа преголема слава и во 2003 година реши да ја напушти забавната индустрија и да се приклучи на морнарицата.

Aктерот кој го глумеше момчето Брајан во легендарната серија „Алф“ пронајден мртов во својот автомобил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!