Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Откажан состанокот Зеленски – Баербок поради „грешка во распоредот“
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја откажа средбата со германската министерка за надворешни работи Аналенa Бaербок наводно поради несогласувањата околу гасоводот Северен тек 2 и воената помош за Киев, објави Си-Ен-Ен. Подоцна Баербок соопшти дека станува збор за „грешка во распоредот“.
Препорачано
„Извор близок до украинската влада ми кажа дека претседателот Зеленски денеска ја откажал средбата со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок бидејќи министерката одби да каже дали Германија ќе го напушти проектот „Северен тек 2“ доколку Русија изврши инвазија и поради одбивањето на Германија да обезбеди „било каква директна или индиректна воена помош за Киев“, напиша на Твитер новинарот на Си-Ен-Ен, Џејк Тапер.
Тој додаде дека ова откажување официјално е окарактеризирано како „грешка во распоредот“. „Многумина во Источна Европа и Киев се повеќе ја гледаат Германија како руски сојузник, а не како западен сојузник“, изјави новинарот за Си-Ен-Ен, цитирајќи го истиот извор.
Баербок вчера откри дека не можела да се сретне со Зеленски, бидејќи на средбата требало да присуствува и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, но француската страна имала промена на плановите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
3мин
-
6мин
-
7мин
-
9мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5