Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Откажан протестот во Амстердам по насилствата во Ротердам
Протестот против епидемиолошките мерки најавен за денеска во Амстердам е откажан по синоќешните насилства на демонстрациите во Ротердам, соопштија организаторите.
Препорачано
Толпи демонстранти запалија автомобили и фрлаа камења кон полицијата, која одговори со предупредувачки истрели и водени топови за време на протестите синоќа во Ротердам против ограничувањата поради ковид-19, јави ДПА.
Портпаролката на локалната полиција изјави дека имало предупредувачки истрели, но и целни истрели, бидејќи ситуацијата била „опасна по живот”. Според полицијата, седум лица се повредени, најверојатно од предупредувачки истрели, но точната причина ќе ја утврди истрагата.
Поради немирите, возовите до и од пристанишниот град се суспендирани до понатамошно известување, а не се предвидени автобуси за замена за оние кои сакаат да патуваат.
Демонстрациите, свикани од неколку организации, беа против плановите на владата да воведе здравствен сертификат поради зголемениот број случаи на коронавирус во Холандија. Според мерката, само на вакцинирани и на оние кои прележале ковид-19 ќе им биде дозволено да присуствуваат на јавни настани, во кафули а и ресторани.
Извор: МИА
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5