Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN/BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Откако ја продадоа заедничката вила со Џенифер Лопез, Бен Афлек си купи куќа за себе во Лос Анџелес за 20 милиони долари

Актерот Бен Афлек купи куќа во Пацифик Палисадес во Лос Анџелес. За тоа издвоил 20,5 милиони долари, а куќата има пет спални соби и шест бањи, пишува „ТМЗ“. Многумина го истакнуваат овој потег како дефинитивен знак за развод со пејачката Џенифер Лопез.

Да потсетиме, на почетокот на овој месец Бен Афлек и Џенифер Лопез ја ставија на продажба својата палата во Беверли Хилс, а актерот не живееше таму некое време пред тоа.

Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар. Сомнежите се засилија откако вилата беше ставена на продажба. Покрај тоа, Џенифер порано ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм. Двојката потоа беше видена заедно на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што исто така покренаа сомневања за развод со своето однесување.

Додека тој си купува нова куќа, Џенифер уживаше во последните неколку недели во Хемптонс, каде го прослави својот 55-ти роденден, а Афлек не беше присутен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот