Илија и Давид Мелоски Фото: Фејсбук

Осветениот крст останува во домот на Мелоски – лани Давид годинава брат му Илија е среќниот фаќач на крстот во Кисела Вода

Две години по ред, празникот Водици е најсреќен за семејството Мелоски. Богојавленскиот крст кој вчера беше фрлен во осветените води на базенот „Расадник” го фати 24-годишниот Илија Мелоски, две години постар брат на Давид Мелоски кој минатата година беше најсреќниот фаќач меѓу педесетина други верници.

Илија по примерот на неговиот брат Давид одлучи наградите да ги донира во доброволни цели.

Ова е трето положување на Богојавленскиот во Општина Кисела Вода, по возобновувањето на традицијата. И оваа година, манифестацијата започна со божествена литургија во храмот Св. Ѓорѓија, од каде потоа градоначалникот Ѓорѓиевски со Богојавленска литија заедно со свештенството, придружувани од КУД “Китка” и многу други верници, се упатија кон базенот “Расадник”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот