Основци од Хрватска на зимување на Пониква

Гостите се сместени во хотелот „Осоговски бисер”, а трошокот за нивниот престој го покрива Општина Кочани од сопствениот буџет.

Ученици од основното училиште „Владимир Назор” од Крижевци, Република Хрватска, во придружба на наставник по физичка и здравствена култура од денеска се на зимување на Пониква на Осоговски Планини.

Гостите се сместени во хотелот „Осоговски бисер”, а трошокот за нивниот престој го покрива Општина Кочани од сопствениот буџет.

– Многу ни е убаво. Секоја година доаѓа по едно од двете училишта во Крижевци на зимување на Пониква. Овојпат ние сме на ред, децата се воодушевени, секој ден пешачиме по околу осум километри, ги проучуваме шумските патеки, па можеме на следните генерации да им пренесеме дека овде е прекрасно. Имаме и снег, вистинска зимска убавина, истакна Ксенија Крањчец, наставник по физичка и здравствена култура во крижевското училиште.

Хрватските гости нагласија дека се изненадени од одличната храна и од љубезноста на домаќините, како и од снежната покривка што ја има на Пониква, па можат да скијаат и санкаат.

Учениците ги посети градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, на кого тие му ги пренесоа впечатоците од престојот и се заблагодарија за можноста дел од зимскиот распуст да го поминат на Пониква.

Зимувањето на дел од најдобрите ученици од Крижевци е дел од соработката меѓу двата збратимени града, воспоставена во средината на осумдесеттите години. Возвратно, градот Крижевци им овозможува летување на островот Паг на учениците на генерацијата од осумте училишта од Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот