Османи отпатува за Њујорк, ќе го претставува Косово пред Советот за безбедност на ОН

Косовската претседателка Вјоса Османи отпатува синоќа за САД, за да го претставува Косово во Советот за безбедност на Обединетите нации, на седницата што ќе се одржи в понеделник, на 22 април, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти Кабинетот на косовската претседателка, се очекува Османи на седницата на СБ на ОН да зборува за напредокот, спроведувањето на реформите, човековите права, демократијата, владеењето на правото и други теми од важност за Косово.

„Претседателката ќе зборува и за потребата од правда за злосторствата извршени од Србија во Косово“, се вели во соопштението.

За време на престојот во Њујорк, Османи, како што соопштија од нејзиниот кабинет, „се очекува да се сретне и да се координира со некои од постојаните претставници на пријателските земји во Обединетите нации“.

Состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово ќе се одржи во понеделник во 16 часот по средноевропско време, односно во 10 часот според њујоршко време

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот