Османи ќе се сретне со колегите од Холандија, Исланд и Јордан

Бујар Османи министер за надворешни работи во утрински брифинг / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во рамките на 58-та Минхенска безбедносна конференција ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Вопке Хоекстра, а ќе оствари средби и со министерот за надворешни работи на Исланд, Тордис Колбрун Рејкфорд Гилфадотир, како и со Ајман Сафади, заменик премиер и министер за надворешни работи на Јордан.

Османи, како што соопшти МНР, ќе има состаноци и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и со баварската државна министерка за европски прашања и меѓународни односи во покраинската канцеларија на Баварија, Мелани Хумл, како дел од активностите на владината делегација, предводена од премимерот Димитар Ковачевски.

Во програмата на министерот Османи предвидени се средби и со Дејмон Вилсон, претседател на Националниот фонд за демократија на САД, како и со поранешниот генерален секретар на НАТО и висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана.

Во текот на денот министерот Османи, ќе има и свое излагање на специјален настан организиран од сојузната министерка на Германија, Аналена Баербок, поветена на земјите од Западен Балкан, на која се очекува да присуствуваат повеќето министри за надворешни работи на овој регион.

Престојот во Минхен, Османи ќе ја искористи и да го посети Генералниот конзулат на Северна Македонија, каде што ќе има можност да се сретне со претставници од нашата дијаспора и на некои од нив да им врачи патни исправи, издадени од базната станица која е поставена во овој конзулат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот