Османи е шокиран од прашањето дали треба да се осуди геноцидот во Сребреница

Сребреница/ Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Шокиран сум од реакциите во јавноста околу прашањето дали треба да се осуди геноцидот во Сребреница, порача претседателскиот кандидат на ДУИ и на „Европскиот фронт“, Бујар Османи, поентирајќи дека „тоа било исто како Германија да го негира Холокаустот“.

Прашан дали оваа негова изјава ни е потребна токму сега, со оглед на реакциите од Србија, Османи посочи дека тој очекувал „Србија прва да гласа за да го тргне товарот од нејзините плеќи“, бидејќи се работи за осуда на убиство на 8.000 цивили во Сребреница.

– Не сакам воопшто и да помислам дека некој реагира за вакви настани, особено што Македонија е лидер во регионот која промовира меѓусебни хармонизирани меѓуетнички односи. Ние не сме сами во оваа иницијатива – порача Османи.

Тој беше дециден дека неговата реакција не е насочена кон српскиот народ, ниту кон Србија, ами соодветствува со пресудата на Хашкиот трибунал и ние не смееме да го негираме тоа.

Османи како претседателски кандидат денеска имаше средба со раководството на Стопанската комора на Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот