Османи до Силјановска: Барањето 61 пратеник е спротивно на сите начела на соживотот и мултуетничката демократија

Бујар Османи, претседателски кандидат Фото: МИА

Кандидатот за претседател на Демократската унија за интеграција Бујар Османи денеска имаше предизборна средба со граѓаните на Охрид.

Тој им порача дека престојните избори тие имаат избор меѓу две алтернативи – интеграција наспроти изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензија, прогрес наспроти враќање назад.

– Тоа се двете понуди што им се нудат на граѓаните на овие избори. Како кандидат на Европскиот фронт, ја нудам интеграцијата во ЕУ, и тоа во наредните пет години. Заокружување на седум години напор да станеме членка на Унијата. Ако ми успеа како министер да ги отворам преговорите со ЕУ, како претседател можам да ветам дека ќе го заокружам тој процес и до крајот на мандатот да станеме членка на ЕУ – рече Османи.

Меѓутоа, како што посочи, Европскиот фронт нуди и соживот, наспроти опцијата што бара 61 пратеник за да се исклучат другите.

-И денеска и пратив порака на мојата противкандидатка Гордана Силјаноска. Барањето 61 пратеник е спротивно на сите начела на соживотот и мултуетничката демократија. Да прекинеме со говорот на омраза. Оваа држава може да биде богата, проесперитетна и успешна, само ако сите имаме еднакви права и можности. Тоа го нудам јас како кандидат за претседател – рече меѓу другото претседателскиот кандидат Бујар Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот