Фото: Facebook

ФОТО | Осквернавен и ограбен гробот на Зоки Фаци: „6 месеци не се поминати, какви се тие монструми што прават вакви работи“

Денеска се навршуваат 4 месеци откако Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци беше испратен на неговото вечно почивалиште во Катланово. Но, наместо објава за сеќавање на својот добар пријател, Стефан Лазаров сподели шокантни фотографии од осквернавеното гробно место на новинарот.

Вознемирен и со длабока тага, Стефан објави потресен статус на социјалните мрежи, а дополнително, во коментарите под постот објави уште неколку фотографии на кои се гледа несесерот, очилата и уште неколку лични работи на Зоки кои биле извадени од неговиот гроб.

– Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи … Па добро бе, остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота! Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија – напиша Стефан.

Фото: Facebook/StefanLazarov
Фото: Facebook/StefanLazarov
Фото: Facebook/StefanLazarov
Фото: Facebook/StefanLazarov
Фото: Facebook/StefanLazarov

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот