Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Оригинален рецепт за лења пита со лимон: Лесен и освежителен десерт
Доколку размислувате со каков десерт да се почастите деновиве, овој рецепт е совршен за вас. Ќе бидете воодушевени од нетрадиционалната комбинација на фил со крем сирење и лимон.
Препорачано
Лимонот со својата киселост ќе ве освежи и ќе биде совршен спој за мекото и лесно тесто, додека сирењето ќе ја направи оваа едноставна торта покремаста!
Потребни состојки:
– 2 јајца,
– 200 г шеќер,
– 2 дл масло,
– 300 г брашно,
– 1 кесичка прашок за печиво,
– 1 кесичка ванилин шеќер.
– неколку ливчиња нане за декорација
За филот:
– 300 г крем сирење,
– 2 дл павлака,
– 1 кесичка ванилин шеќер,
– 150 г шеќер,
– рендана кора од 1 лимон,
– 2-4 лажици сок од лимон.
Подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер, додадете го маслото, промешете, па додадете го брашното со прашокот за печиво и мешајте додека не добиете еластично тесто. Добиената смеса поделете ја на два дела. За филот изматете ги крем сирењето, шеќерот, павлаката и ванилиниот шеќер, па додајте ја кората и сокот од лимон. Првиот дел од тестото ставете го во намрсена тава и израмнете го со лажица, одозгора ставете го филот, а над филот вториот дел од тестото. Печете на 180-200 степени додека малку порумени. Почекајте целосно да се излади, па исечете ја питата. Декорирајте со лимон и нане.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
44мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5