
Оригинален италијански рецепт за доматен сос: Тајната е во една состојка на која сигурно не би се сетиле!
Овој едноставен италијански сос од домати се приготвува од само пет состојки, за само 10 минути. Сосот е совршен е за тестенини, пица или за едноставно макање со парче потпечено чијабата лепче.
Препорачано
Постојат бесконечно многу рецепти за италијански сос од домати. Некои верзии се приготвуваат од свежи домати и се крчкаат со часови, некои додаваат лути пиперки за да добијат лут арабјата сос или панчета за побогат вкус.
Рецептот е многу брз и едноставен, се приготвува со малку состојки, но неверојатно е вкусен. Вкусот произлегува од брзото готвење што ги карамелизира шеќерите во доматот, давајќи му одличен вкус на сосот за кратко време.
Каков домат да користите?
Италијанците велат дека треба купите квалитетни состојки за да ви успее рецептот.
Не можете да го приготвите најдобриот италијански сос со неквалитетни домати. Италијанците користат сечкан домат од конзерва за овој брз рецепт од 10 минути.
Состојки:
– домат во конзерва
– лук
– босилек
– сушено оригано
– масло
– сол
Подготовка:
Прво, пропржете го лукот. Никогаш не ставајте го лукот во веќе загреано тавче бидејќи ќе загори речиси веднаш. Додајте го маслото и сечканиот лук истовремено, а потоа полека загревајте и оставете да се пржи 50-60 секунди.
Кога ќе го додадете доматот, исплакнете ја конзервата со една-две лажици вода за да искористите што повеќе од доматите. Додајте сол и гответе на средна температура 8-10 минути. Ако доматите се крупни, згмечете ги со гмечалка за компир за да добиете хомогена смеса.
Кога сосот ќе се редуцира малку, додајте грст свеж босилек или магдонос, во зависност од тоа како ќе го послужите. Ако сакате да додадете сушено оригано, додајте го истовремено со лукот.
Тајната состојка, всушност, е босилекот, што не се користи традиционално во нашата кујна.

Совети за приготвување италијански сос од домати
Ако приготвувате сос за тестенини – сочувајте малку од водата во која се вареле тестенините и додајте ја во сосот непосредно пред да ги додадете тестенините. Ова помага да се создаде емулзија на сосот и дава дополнително богат вкус.
Проверете ги зачините – кога ќе завршите со готвењето на сосот, пробајте го и ако треба повеќе сол, додавајте малку по малку. Запомнете дека секогаш можете да додадете уште сол, но не можете да ја извадите.
Додајте зачински билки и зачини – користете го ова и за други сосови на база на домати, а можете да додавате различни зачини, како свежо чили и рузмарин.