
Оптимизам на „Етихад“: Не си одат главните ѕвезди, и Гвардиола останува!
Дел од британските медиуми веднаш шпекулираат заминување на главните ѕвезди од „Етихад“, но „Дејли Мејл“ тврди дека тоа нема да се случи.
Препорачано
Потсенглискиот шампион со 30 милиони евра за неисполнување на финансискиот фер-плеј, или измама на износите на спонзорските договори.
Сити најави жалба до Спортскиот суд (ЦАС) во Лозана, а доколку и од таму се потврди казната, тогаш Сити ќе се најде во големи проблеми.
Дел од британските медиуми веднаш шпекулираат заминување на главните ѕвезди од „Етихад“, но „Дејли Мејл“ тврди дека тоа нема да се случи.
Daily Mail: Manchester City confident that Pep Guardiola and his stars will stay despite two-year European ban https://t.co/wdB10BEf9W #mcfc #city pic.twitter.com/b2WJh4GTDX
— Man City News 365 (@ManCityNewsApp) February 16, 2020
Главниот извршен директор Феран Сориано го прекина годишниот одмор, а сите играчи и членови минатата недела имаа итен состанок после одлуката на УЕФА. Гвардиола во саботата одржа тренинг сесија за да ги смири играчите и да им рече да се фокусираат на она што им претстои, а тоа е првиот дуел од осминафиналето (26 февруари) против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
– Гвардиола во договорот има клаузула според која може да си оди од клубот на крајот од оваа сезона, но нашите извори велат дека Шпанецот ќе го одработи договорот до крајот на летото 2021 година. Неговата одлука го подобри расположението во Сити и не се очекува да заминат сите sвезди – пишува „Дејли Мејл“.
Првиот играч што зборуваше за неговиот статус е Рахим Стерлинг, кој се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид. Англискиот репрезентативец преку својот менаџер на англиската репрезентација изјави дека е целосно фокусиран на Сити.
Најсилните европски клубови, се разбира, веднаш се активираа кога слушнаа за казната на УЕФА, со надеж дека главните играчи на Пеп конечно ќе станат достапни.
Но, ќе почекаат да се донесе конечната одлука на ЦАС, а кога сме веќе кај едни од досегашните клучни играчи на Сити, во лето 2021 година им истекуваат договорите на Фернардињо, Лерој Сане и Серхио Агуеро.