
Општина Ресен ќе ги обесштети жителите погодени од големиот пожар во Преспа
Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен или на веб-страницата на општината, покрај барањето, секој барател треба да достави дополнителна документација.
Општина Ресен најави обесштетување за жителите од Долно Перово, Прељубје и од Покрвеник, кои претрпеа штети во неодамнешниот пожар.
Препорачано
Големиот пожар на отворено, што се случи летово, во јули предизвика оштетувања на јаболкови насади, пчелни семејства и на други корисни површини во тој дел на Преспа.
„Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен или на веб-страницата на општината и покрај барањето, секој барател во зависност од видот на претрпената штета треба да достави дополнителна документација, поврзана со имотот и сопственоста, бројот на пчелни семејства, број на стебла и видот на културата што се одгледувала, старост во години на стеблата и други подаоци“, информираат од Општина Ресен.
Пријавувањето на штетите завршува на 23 септември, а потоа стручна општинска комисија ќе изврши проценка за надомест на штета од природни непогоди и други несреќи, односно од пожар.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
10мин
-
18мин
-
22мин
-
32мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5