Фото: Општина Карпош

Општина Карпош бара одговорност: Дрвото кое падна и повреди дете е на само пет метри од пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“

Попладнево во општина Карпош, зад трговскиот центар Лептокарија, гранка од дрво падна врз дете кое се здобило со повреди на главата и ногата.

Од општина Карпош бараат МВР да го расчисти случајот и да се утврди одговорноста.

„За жал, неодговорноста зема данок. И тоа данок кој директно го загрозува човечкото здравје. Во конкретниот случај потешко е повредено еден малолетник кој случајно поминувал во паркот измеѓу улицата Никола Русински и Карпошево Востание и врз него паднало дрво. За жал малолетникот има повреди на телото. Пренесен е во Ургентен центар. Иронијата да биде поголема, инцидентот се случува само на 5 метри од пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“ кое е должно, согласно Законот за локална самоуправа, да го исече ова дотраено дрво. Одговорноста на „Паркови и зеленило“ е уште поголема зошто истото дрво било обележано и тоа подолго време за сечење, меѓутоа, како и во стотици други случаи јавното претпријатие и Градот Скопје остануваат глуви на барањата на Општина Карпош и на граѓаните. Општина Карпош бара Министерството за внатрешни работи да го документира овој немил настан, да се утврди одговорноста и за истата да се сносат правни последици. Општина Карпош уште еднаш јавно предупредува дека вакви немили настани ќе ни се случат и во градинките како резултат на тоа што Владата не одобрува вработувања на негувателки, воспитувачки и технички персонал на сите оние кои веќе заминале во пензија. Уште еднаш апелираме до надлежните државни институции дека си играат со здравјето на децата и не би било добро доколку се случи немил настан, па потоа да ги решаваме проблемите и да бараме одговорност. Здравјето и безбедноста на децата немаат цена“, велат од општина Карпош.

Се отстрануваат паднатите дрвја од невремето во Скопје, расчистена и улица Белградска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот