Сцена од операта „Аида“ во Националната опера и балет

Операта „Аида“ од Џузепе Верди традиционално ќе го затвори 53. издание на „Мајски оперски вечери“

Величествената „Аида“ од Џузепе Верди, на 31 мај, со почеток во 20 часот, традиционално ќе го затвори 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.

„Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка на гостинката од Италија, Џана Фрата. Во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.

Во насловната улога (Aида) ќе настапи Дарија Мазиеро (Италија), во улогата на Радамес ќе настапи Џејмс Ли (Јужна Кореја), во улогата на Амнерис е Ненси Фабиола Херера (Шпанија), улогата на Рамфис ќе ја толкува Игор Дурловски, Фараон е Владимир Саздовски, Амонасро е Mарјан Јованоски, Главна свештеничка е Александра Лазаревска Василевски, Гласник е Никола Стојчевски, балетски солист е Илијана Данилов, заедно со хорот, оркестарот и машкиот балетски ансамбл на Национална опера и балет.

Поставена во древниот Египет, операта спојува интимна човечка драма со величествени хорови, балетски сцени и моќна оркестрација, истакнуваат од Националната опера и балет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот