ОН ја усвои резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која 11 јули е прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

84 гласаа за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, 19 беа против, а 68 беа воздржани.

Меѓу земјите кои гласаа „ЗА“ е и Македонија која беше и ко – спонзор на истата, а одлуката за тоа сам ја донесе министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Резолуцијата ја предложија земји кои имаат тешко историско искуство со неа – Германија и Руанда.

Текстот потоа беше спонзориран од уште 34 земји, вклучувајќи ги сите поранешни југословенски републики, освен Србија и Црна Гора.

Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата со која се утврдува „Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година“, повикувајќи се на пресудите на Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија, и нагласува дека кривичната одговорност за геноцидот е индивидуална.

Што пишува во конечниот нацрт на текстот, зошто Србија е против, како ќе се гласа и кој ќе крене рака – што стои во текстот на резолуцијата?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот