Холандија ковид-19 коронавирус трговски центар
Луѓе во трговски центар во Холандија / Фото: EPA-EFE/Ramon van Flymen

Омикрон стана доминантен и во Холандија

Омикрон стана доминантен и во Холандија, соопштија властите, предупредувајќи на зголемување на приемите во болниците.

И покрај падот на бројот на заразени, високата инфективност на омикронот ќе предизвика нови инфекции во наредните денови, соопшти Националниот институт за јавно здравје, „што ќе доведе до зголемување на хоспитализациите“, се додава во соопштението.

Холандија пред десет дена објави дека ќе воведе локдаун за време на празниците на крајот на годината за да го спречи ширењето на нови случаи на омикрон.

Заклучување до 14 јануари

Некои продавници, ресторани, кафулиња, кина и музеи ќе бидат затворени до 14 јануари.

Се чини дека одлуката има позитивни ефекти, според Националниот институт за јавно здравје, со пад на хоспитализациите оваа недела. „Вистинскиот ефект од мерката се очекува на почетокот на јануари“, соопштија властите.

Повеќе од 20 отсто од возрасната популација примило третата доза од вакцината, велат податоците на Националниот институт за јавно здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот