фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Олимпијакос е првиот финалист во Евролигата, Монако во третата четвртина постигна само два поени

На Фајнал-фор турнирот во кошаркарската Евролига кој се одржува во „Жалгирис Арена“ во Каунас, Литванија, екипата на Олимпијакос со 76:62 го совлада Монако.

Првото полувреме му припадна на францускиот претставник кое го доби со 12 коша разлика (41:29).

Во вториот дел се случи невиден пад на Монако, а тоа крајно го искористи грчката екипа која ја доби третата четвртина со неверојатни 27:2 за 56:43 на семафорот.

Олимпијакос успешно ја одржуваше позитивата во последните 10 минути и го обезбеди своето деветто евролигашко финале и ќе ја брка четвртата титула.

Во големото финале Олимпијакос ќе игра со подобриот од втората полуфинална пресметка во која се среќаваат шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид вечерва од 20.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот