Околу 50 лица во трето доба ќе добијат бесплатни стоматолошки прегледи

Фото: Црвен крст на Град Скопје

Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Стоматолошки факултет-Скопје

Околу 50 лица од трето доба ќе добијат бесплатни стоматолошки услуги како дел од програмата за бесплатните стоматолошки услуги за ранливи категории корисници.

– По потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје -Стоматолошки факултет – Скопје, започнаа да се реализираат бесплатните стоматолошки услуги за ранливи категории корисници. Во оваа фаза, од базата на корисници на Црвен крст на град Скопје, селектирани се 50 лица во трето доба кои ќе ги користат споменатите услуги. За сите нив обезбедивме четка и паста за заби кои ги добија по стоматолошката интервенција – информираат од Црвениот крст на Град Скопје.

Оттаму, меѓу другото, објаснуваат и дека бесплатните прегледи/интервенции ќе се реализираат од страна на студентите на факултетот, за време на практичната настава, а под наздор на наставниот кадар.

– Со континуирана поддршка на ранливите корисници , акцентот е ставен на навремена превенција од стоматолошки заболувања, подигнување на јавната свест и грижа за оралното здравје – дообјаснуваат од Црвениот крст на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот