фото: EPA-EFE/GERALD LEONG

Оклахома го направи вториот најголем пресврт во НБА историјата

Кошаркарите на Оклахома се на еден чекор од пласман во полуфиналето на Западната конференција.

Нивниот триумф на гостински терен во Мемфис ќе се памети и како втор најголем пресврт во историјата на НБА лигата, откако успеаја да се вратата од „минус 29“ поени негатива против екипата од Тенеси.

Мемфис водеше со оваа разлика во текот на втората четвртина, но предноста на Гризлис се намалуваше како што одминуваше натпреварот, а по пехот на Џа Морант, играчите на Оклахома направија голем пресврт.

Оклахома беше блиску до испишување на уште поголема историја во Тенеси, односно единствениот поголем пресврт во историјата на ова натпреварување беше направено пред шест години кога Лос Анџелес Клиперс ја надмина негативата од 31 поен против Голден Стејт Вориорс.

Оклахома има уште еден чекор до обезбедување место во полуфиналето на Западот, а ќе има можност за тоа во сабота навечер во Мемфис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот