фото: Национална пливачка федерација

Окипинти од Италија и Жуис од Франција победници на Охридскиот пливачки маратон

Во машка конкуренција на 36 Охридски пливачки маратон триумфираше Алесио Окипинти од Италија.

Италијанецот ја исплива патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид за 4:53.14 часа, што претставува рекорд на патеката.

Кај жените прва на целта помина Каролис Жуис од Франција, а нејзиното време е 5:05.59 часа.

Честитки на победниците на целта на Кејот на Охридското езеро им упатија македонскиот претседател Стево Пендаровски и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Најдобра македонски пливач на овој маратон беше Евгениј Поп Ацев кој заврши на четвртата позиција со време од пет часа, осум минути и 32 секунди.

Наградниот фонд на трката изнесува 12.000 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот