Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Оформен предмет по вчерашните претреси во прилепската болница

По вчерашните претреси на осум локации во Прилеп обезбедена е целокупна документација за финансиското работење на прилепската болница од 2020 година па до денес. Сега документацијата ќе се анализира, велат од прилепското Основно јавно обвинителство. Оформен е предмет во фаза на предистрага заедно со Финансиската полиција.

– По претресот кај осомничени лица на осум локации е обезбедена документацијата. Се вршат проверки и на тендерска и на целокупна книговодствена и сметководствена документација. Обезбедена е и електронска и материјална документација како докази – вели основниот јавен обвинител од Прилеп, Стевчо Биноски.

Сомнежи за злоупотреби во прилепската болница, се вршат претреси на осум локации

Од Обвинителството, поради предистрагата, не откриваат за колку осомничени лица станува збор, само дека ги има повеќе.

Претресите на осумте локации во Прилеп и предистражната постапка се поради сомневања за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување во врска со финансиското работење на општата болница со проширена надлежност од Прилеп, а се анализира документацијата од 2020 година до денеска.

Од Болницата велат дека во моментот работат со деблокирана сметка, а долговите моментално се околу 100 милиони денари што е половината од затекнатата состојба пред повеќе од шест месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот