Фото: Arsenal FC

Официјално: Арсенал му доведе конкуренција на Рамсдајл

Како и што се најавуваше, Арсенал денес го потврди трансферот на голманот Давид Раја.

Давид Раја е четвртото засилување за Арсенал летово и очекувањата се да биде сериозна конкуренција на Арон Рамсдајл. Голманот во Арсенал пристигнува на позајмица со право на откуп наредното лето за 27 милиони фунти.

За позајмицата на Раја Арсенал ќе плати три милиони евра, но чуварот на мрежата веќе прифатил да остане во Лондон до 2028 година, па се очекува во јуни клазулата за откуп да биде активирана.

Летово Арсенал потроши над 200 милиони фунти, а претходно пристигнаа Даклан Рајс, Каи Хавцерц и Јурен Тимбер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот