Талибанецот Абдул Гани Барадар/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Официјално: Абдул Гани Барадар ќе го води Авганистан

Ко-основачот на талибанците Абдул Гани Барадар ќе ја предводи новата авганистанска влада, велат извори од таа исламистичка група, додавајќи дека информациите ќе бидат објавени наскоро, пренесува Ројтерс.

Барадар, кој раководи со политичката канцеларија на Талибанците, на високите владини позиции ќе му се придружат Мухамед Јакуб, син на починатиот талибански основач Мула Омар и Мухамед Абас Станекзаи.

„Сите врвни лидери пристигнаа во Кабул, каде што се во завршна фаза на подготовка за објавување нова влада“, изјави талибански функционер за Ројтерс, под услов да остане анонимен.

Талибанците, кои го освоија Кабул на 15 август по освојувањето на поголемиот дел од земјата, наидоа на отпор во долината Паншир, северно од главниот град, со извештаи за тешки борби и жртви.

Во Паншир има неколку илјади регионални милитантни борци и остатоци од владините вооружени сили под водство на Ахмад Масуд, син на поранешниот муџахедински командант Ахмад Шах Масуд.

Сега, сепак, се чини дека напорите во преговорите за решавање се прекинати, за што двете страни се обвинуваат меѓусебно.

Абдул Гани Барадaр: Ко-основачот на Талибанците кој е неоспорен победник во дваесетгодишната војна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот