Официјален состав: Македонија со многу промени стартува против Фарските Острови

фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација денес го игра пријателскиот натпревар против Фарските Острови, а како и што се најавуваше, селекторот Благоја Милевски започнува со повеќе промени во однос на квалификацискиот натпревар против Малта.

На голот го нема стандардниот Столе Димитриевски кој заедно со дефанзивецот Висар Муслиу се вратија на обврските кон своите клубови, додека повреди заработија Ѓоко Зајков и Аријан Адеми. Адеми не беше во коминација ниту против Малта затоа што повредата ја заработи на тренингот пред тој дуел.      СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА: Шишковски, С. Ристовски, Велковски, Ристевски, Алиоски, Атанасов, Барди, Етеми, Чурлинов, М. Ристовски, Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот