Одложени две рочишта за „ТНТ”

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Денешното рочиште за случајот „ТНТ” нема да се одржи поради здравствени пречки на надлежниот обвинител, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Одложено е и следното рочиште што беше закажано за 11 ноември, за што странките се веќе
известени.

Продолжението на главната расправа „ТНТ” ќе биде закажано откако за тоа ќе бидат створени услови, информираат од Кривичниот суд.

Случајот „ТНТ” се однесува за уривањето на комплексот „Космос” на инвеститорот Фијат Цановски.

За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот