Македонија е еден од домаќините на одбојкарското ЕП 2023/Фото: EFE/MAURI RATILAINEN

Одбојкарите не успеаја, Финска ќе игра во финалето во Европската сребрена лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија е поразена во полуфиналето на завршниот турнир од Европската сребрена лига од Финска со 3:1 во сетови и 25:22, 20:25, 25:18, 25:16.

Одбојкарите и во седмиот обид, не успеаја да триумфираат во натпреварувањето и да обезбедат учество во Европската златна лига, но Финска се покажа како непремостлива пречка за ибраниците на селекторот Ратко Павличевиќ.

Македонските одбојкари подобро го започнаа натпреварот, имаа предност од 13:9, но Финците се вратија во игра и во финишот од сетот дојдоа до плус четири и на крајот славеа со 25:22. Во вториот сет, Македонија одигра фантастично имаше и осум поени предност што се покажа како доволно за да се дојде до израмнување на 1:1 во сетови (25:20).

Третиот сет тргна одново изедначено, па Финците со добра серија се одлепија и дојдоа до високо водство кое го здржаа до крајот за 25:18 и водство од 2:1, а со убедлива игра продолжија и во четвртиот сет кој го добија со 25:16 и си обезбедија пласман во финалето.

Најдобар поентер на средбата беше нашиот капитен Никола Ѓорѓиев со 23, додека кај Финците се истакна Аро Никула со 17. Утре Македонија ќе игра за бронзениот медал со поразениот од второто полуфинале во кое се среќаваат Романија и Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот