
Одбојкарите ја прекинаа серијата порази и останаа во игра за полуфинале во Европската сребрена лига
Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва ја прекина серијата порази во Европската сребрена лига откако со 3:1 во сетови (25:11,22:25,25:19,25:22) ја совладаа Романија.
Препорачано
Избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ славеа над Романија откако претходно забележаа три порази по ред (од Романија и од Албанија) и ги задржаа шансите за освојување на второто место во групата и пласман во полуфиналето во Европската сребрена лига.
За да дојде до второто место на табелата, Македонија мора да слави во последното коло против Бих, додека Албанија не смее да освои повеќе од еден сет на гости кај Романија.
Македонија на едно коло до крајот има седум бода за трето место на табелата, има три помалку од Албанија и четири од лидерот на табелата Романија која веќе си обезбеди пласман во полуфиналето.
Одбојкарите одлично го започнаа натпреварот, одлично функционираа сите сегменти од играта и сетот го добија со убедливи 25:11. Во вториот се случи пад во играта кој го искористи противникот за да дојде до израмнување на сетови (22:25). Во третиот сет, Романција на почетокот беа во предност, но македонските одбојкари прво дојдоа до израмнување на 15:15 и со одлична серија стигнаа до 25:19 и водство од 2:1 во сетови.
И четвриот сет подобро го отворија Романците кои поведоа со 2:6, но Макеоднија брзо успеа да се врати во игра, поведе со 10:9 и потоа во тесна завршница славеше со 25:22.
Во последното коло, Македонија и гостува на БиХ, додека Романија игра против Албанија.