Од утре персоналот на Луфтханза повторно штрајкува во Германија

Германскиот синдикат Верди денеска ги повика вработените во „Луфтханза“ на тридневен штрајк низ целата земја, затоа што авиокомпанијата одбива да ги зголеми платите на работниците. Штрајкот треба да се организира од среда, 28 февруари, до петок, 1 март.

Претставниците на Луфтханза се уште не коментираат ништо во врска со ова. Синдикатот соопшти дека вработените во подружниците, како што е инженерството на Луфтханза, како и авијацијата и техничката обука, биле повикани да учествуваат во штрајкот.

Штрајкот е распишан откако компанијата при преговорите со синдикатот не понудила промена на платите. Луфтханза во неделата соопшти дека сака брз договор за платите со синдикатите за да спречи понатамошни штрајкови.

Верди претходно побара од авиокомпанијата да ја подобри својата понуда пред да одлучи дали ќе учествува во новата рунда преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот