ВИДЕО: Од што заболуваат американските дипломати во Русија и Куба? Сè започнува со губење на слухот

Новинската агенција „Ројтерс“ известува дека повеќе од 40 службеници на американската администрација пријавиле такви нарушувања.

САД сè уште ги испитуваат причините за мистериозното заболување на десетици американски дипломати во Куба и Русија, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео.

Тој ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон не ги штити своите функционери заради повисоки државни цели.

Од 2017 година, десетици дипломатски претставници во Куба пријавија симптоми кои вклучуваат губење на слухот, зуење во ушите, вртоглавица, главоболки и замор.

Сите овие симптоми се типични за умерена трауматска повреда на мозокот и се опишани како вид на „звучен“ напад.

„Ројтерс“ известува дека повеќе од 40 службеници на американската администрација пријавиле такви нарушувања, кои подоцна биле наречени „Хавана синдром“, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот