фото: facebook/ФК Работнички

Од сезоната 2026/27 ќе се намали бројот на клубови во Првата фудбалска лига

На последната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе нови одлуки, а една од нив вели дека Управниот одбор го усвои предлогот за промена на системот на натпревари од натпреварувачката сезона 2026/27.

Тоа значи дека од сезоната 2026/27 ќе има намалување на бројот на клубови во Првата фудбалска лига од 12 на 10, како и намалување на бројот на клубови од 16 на 14 клубови.

ФФМ продолжува со процесите на унапредување на фудбалската инфраструктура, организација и натпреварувачкиот систем, со фокус на развојот на македонскиот фудбал, а во продолжение и останатите одлуки на Управниот одбор:

– Бараж натпреварот ЖФК Речица – ЖФК Вардар за пласман во Првата женска фудбалска лига ќе се одигра на 28 мај во 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

– Усвоен е Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во ФФМ, со цел зголемување на ефикасноста и професионалноста во работењето.

– Избрана е компанија за реализација и опремување на ВАР соба, како дел од процесот за имплементација на ВАР систем во Прва МФЛ;

– Донесена е одлука да се преземат сите неопходни правни и административни и законски мерки за заштита на интересите на ФФМ во врска со следните стадиони:

Трибина Охрид
Трибина Кичево
Трибина Штип

– Усвоен е предлогот за одржување на он-лајн седници на комисиите на ФФМ, што ќе придонесе за поефикасна работа и полесна координација.

Комисија во состав Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски ќе спроведе дополнителна анализа и ќе предложи конечни насоки за системот на натпреварување и начините на промоција и испаѓање.

– Кирил Изов е именуван за нов селектор на женската репрезентација до 19 години.
– Астрит Мерко е назначен за селектор на женската репрезентација до 15 години, на местото на Јовица Блажевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот